• Физибилити студии за детална анализа која ги разгледува сите критични аспекти на предложената идеја или проект, со цел да се утврди веројатноста за успешна реализација

  • Управување со проекти, систематска и целосна методологија за планирање, извршување и контрола на активности во рамките на проектот

  • Обезбедување и контрола на квалитетот,проверка, тестирање и потврдување на квалитетот на градежните материјали во текот на процесот на градба за да се обезбеди издржливост, безбедност и усогласеност со градежните правила и прописи

КОИ СМЕ НИЕ

Друштвото за управување со проекти ЕОС Е.Е. Д.О.О. - Скопје е современа компанија, која располага со виско стручен кадар, со примарна дејност од областа на стручно-технички надзор, консалтинг и управување со проекти во источниот дел на Европа, која до сега е ангажирана на голем број значајни објекти во Република Македонија.
 
ЕОС Е.Е. ангажира високо стручни кадри од областа на архитектура, градежништво, машинство, електрика, геотехника, како и надворешни соработници – консултанти од областа на сообраќајно инженерство, заштита на животна средина и енегергетска ефикасност. 
ЕОС Е.Е. располага со контролна лабораторија за испитување на градежни материјали.
ЕОС Е.Е. ДОО – ангажира високо стручни кадри од областа на Градежништво, Машинство, Електрика, Геотехника, Архитектура, како и надворешни соработници – консултанти од областа на Сообраќајно Инженетрство, Заштита на Животна Средина, Енегергетска Ефикасност итн. 

НАШИТЕ ПРОЕКТИ

СВ. НАУМ ОХРИДСКИ – СКОПЈЕ
Вршење на стручно – технички надзор при Изведба на санација, реконструкција и доградба на ЈЗУ Универзитетска Клиника по Хуруршки Болести Св. Наум Охридски – Скопје .
МУЗЕЈ ПРИЛЕП - МАНАСТИР ТРЕСКАВЕЦ
Вршење на стручно – технички надзор над санација, реконструкција и реставрација на конаците од Манастирот “Трескавец “, с. Дабница Општина Прилеп..
ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО
Вршење на стручно – технички надзор на реконструкција и адаптација на дел од употреблива градба за потребите на Основно Јавно Обвинителство..
ФИНКИ И ФФОСЗ
Вршење на стручно – технички надзор при изградба на Факултетот за Физички Образование, Спорт и Здравје  и Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инжинерство .
БОЛНИЦА 8-МИ СЕПТЕМВРИ
Вршење на стручно – технички надзор при изградба на бункер за поставување на линеарен акцелератор со пропратни содржини за потребите на СЗУ ГОБ 8-ми Септември – Скопје ..
СД ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Вршење на стручно – технички надзор при реконструкција, санација, адаптација, замена на дотраени градежни материјали и облоги на Блок В и Г од ДСД „Гоце Делчев’ – Скопје..
НАРОДНА БАНКА
Вршење на стручно – технички надзор и контрола над работите на градењето на објектот „Нов Објект на Народна Банка на Република Македонија “
ГРАД СКОПЈЕ
Вршење на стручно – технички надзор над изградбата, реконструкцијата и одржувањето на објекти инвестирани од Град Скопје.