Реконструкција на коловозот на улица Втора македонска бригада
Назив на Проект: 
Реконструкција на коловозот на улицата Втора македонска бригада. Со овој важен проект, ќе се изврши реконструкцијата на коловозот на оваа улица, на потегот од крстосницата со улица Христијан Тодоровски Карпош до кружниот тек на улица Лазо Трповски. Во должина од 1181 метар, ќе биде изгребен стариот и оштетен асфалт и ќе биде нанесен нов асфалт. Со реализација на овој проект значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот и ќе се зголеми безбедноста при движењето за жителите на општините Чаир и Бутел.

Инвеститор:
Општина Чаир