EOS CONSULTING EE > СЕКТОРИ И УСЛУГИ

УСЛУГИ

ЕОС Е.Е. ДОО – Скопје, обзбедува на своите клиенти најефикасна контрола, перформанси и успешна завршница на проекти. Професионалната екпертиза на ЕОС Е.Е. ДОО Скопје опфаќа различни дисциплини :
Стручно технички надзор над изградбата :
Претставува комплетен надзор и менаџмент при реализација на градежни проекти, од страна на високо квалификувани експерти. Овој вид на специјализиран надзор ги вклучува сите потребни технички, административни и контролни работи со цел усогласување на градежните активности со утврдените стандарди, пропишаните регулативи и зададените проектни спецификации. Улогата на надзорниот орган вклучува следење на секоја фаза на градежниот процес, од почетните подготвителни работи до последните завршни фази. 
Управување со проекти :
Систематска и целосна методологија за планирање, извршување и контрола на активности во рамките на проектот. Ова вклучува управување со ресурси, време, буџет и квалитет, за постигнување на конкретни цели и задоволување на потребите на клиентот. Процесот обезбедува ефикасно,успешно и соодветно извршување на проекти во дефниран временски рок и расположливи финанскиски средства.
Физибилити студии:
Физибилити студиите играат критична улога во обезбедување на докажана изводливост и стабилна основа за успешна имплементација на идејата или проектот. Тие вклучуваат истражувања и анализи, користени за проценка на потенцијалната успешност и изведливост на еден проект или бизнис идеја. Овие студии вклучуваат детални аспекти како економски, технички, правни и други фактори, со цел донесување на информирани одлуки пред почетокот на реализацијата на проектот.
 
Контрола на квалитет на градежните материјали:
Контролата на квалитетот на градежните материјали при надзор над изградбата значи осигурување дека материјалите што се користат во изградбата ги исполнуваат одредените стандарди и барања. Овој процес вклучува проверка, тестирање и потврдување на квалитетот на материјалите како што се бетон, челик, дрво и други, во текот на процесот на градба за да се обезбеди издржливост, безбедност и усогласеност со градежните правила и прописи.
 
Управување со трошоци :
Процес на планирање, контролирање и надзор на трошоците во една организација, со цел да се максимизира профитот и да се минимизираат загубите. Ова вклучува анализа на трошоците, управување со буџетот, одредување на ефективни начини за употреба на ресурсите како и превентивни мерки со цел спречување на појава на непотребни и непланирани трошоци.